Со денешните четири нови дијагностицирани случаи на ковид-19 од 2 514 тестирања, бројот на заболени од почетокот на пандемијата досега достигна 155 673 лица. Според податоците не Министерството за здравство 149 961, лица се водат како оздравени, додека 5 484 се починати.
Како активно болни од ковид-19 пак, во моментов се водат 228 лица. Најголем дел од активните случаи – 88 се во Скопје каде досега се регистрирани вкупно 68 659 случаи на ковид-19.
Според бројот на активни случаи понатаму следуваат Куманово – 24, Тетово – 22, Прилеп-18, Охрид – 17 и Кичево со 16 активни случаи.
Едноцифрен е бројот на активно болни во Битола – 8, Гостивар – 7,Струмица – 6, Велес -5, Крива Паланка – 4, Кратово – 3, Демир Хисар и Виница – 2 и Кавадарци, Штип, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод каде има по еден активен случај.
Во другите градови во моментов ниту еден случај не се води како активен.
Според податоците на Министерството за здравство нема заболени во: Дојран, Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Радовиш, Берово, Делчево, Ресен ,Гевгелија, Неготино и Струга.
Бројот на заболени од ковид-19 во изминатите два месеца е значително намален, за разлика од последниот бран на пандемијата кога дневно се регистрираа по повеќе 1 000 нови случаи.