Жители од прилепската населба Тризла денеска излегоа на мирен протест и се пожалија дека деновиве не им било дозволено да ги користат услугите на Градскиот базен.
Обвинуваат за дискриминација и најавија тужби и претставки до Комисијата за заштита од дискриминација.

„Нас не ни дадоа карти да влеземе, а на други што дојдоа после нас им беше дозволен влез. Ние им рековме – ова е чиста дискриминација! Ние не сме граѓани од втор ред во оваа држава…“,
порачаа дел од присутните протестот.
Сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули” пак, за дел од медиумите посочил дека станува збор само за почитување на мерките и протоколот за заштита од ковид 19 при користење на услугите на Градскиот базен.