Во Чешка се расчистува теренот по торнадото што го погоди југот на земјата пред 2 дена. Торнадото буквално откорна камени куќи од нивните темели. Во торнадото загинаа пет лица.
Инфраструктурата во сите места што беа погодени од торнадото претрпе огромна штета. Фактот што до темел се урнати куќи направени од армиран бетон , доволно зборува за јачината на торнадото, и речиси нема куќа на четири или пет места директно погоодени од несреќата што не се оштетени.



Она што е добро во моментот е системот на организација на надлежните служби. Се работи скоро на секоја куќа, а покрај припадниците на единиците за заштита, на помош пристигнаа и волонтери. Секој има само една цел – да овозможи нормален живот на овие простори.
Чешката влада најави итна помош од 16 милиони евра, а се верува дека ќе побара помош и од Европската унија.