Сведок на нападот во Вирцбург пријавил дека осомничениот извикувал „Алаху Акбар“ за време на нападот, рече Херман. Но, полицискиот портпарол рече дека напаѓачот имал криминално досие, но ниту едно од неговите претходни дела не било поврзано со тероризам
Маж вооружен со нож уби три и рани шест, од кои некои сериозно, во германскиот град Вирцбург, соопшти полицијата.
Полицијата пукала во напаѓачот, 24-годишен Сомалиец, кој живее во Вирцбург, а потоа го уапсила.

Нема индиции дека повеќе луѓе учествувале во нападот, според Би-би-си.
Според очевидци, минувачите фрлале столици, чадори и мобилни телефони кон напаѓачот со цел да го спречат да избега.
Вирцбург е град во Баварија со 130.000 жители, сместен помеѓу Минхен и Франкфурт.
Полицијата соопшти дека тој бил насилен и психички нестабилен и неодамна добил психијатриско лекување
Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, за новинарите изјави дека од повредените, петмина се во сериозна состојба и дека „не е сигурно“ дали ќе преживеат.
Осомничениот е на распит во локалната болница.
Исто така, полицајците го пребаруваат неговиот дом и ги испитуваат неговите контакти за дополнителни докази.
Сведок пријавил дека осомничениот извикувал „Алаху Акбар“ за време на нападот, рече Херман. Но, полицискиот портпарол рече дека напаѓачот имал криминално досие, но ниту едно од неговите претходни дела не било поврзано со тероризам.