Активистот за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, Кочо Андоновски, во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека, иако споро промените во општеството се случуваат.
Тој посочи дека борбата на ЛГБТИ заедницата е всушност добра порака за сите останати други групи и луѓе кои се борат за некакви права.
„Оваа борба на ЛБГТИ праќа една добра порака до сите останатие луѓе, дека сепак промената е можна. Има промени и напредок во односн на ЛГБТИ, иако не со динамиката која ја посакуваме, но сепак има“,
вели Андоновски.
Тој се наврати во минатото пред 16 години кога за првпат јавно на телевизија излезе и зборуваше за својата сексуална ориентација и направи паралела со ситуацијата денес.
„Тогаш мене ми велеа луѓе дека по излегувањето јавно нема да преживеам ниту две недели, а сега после 16 години, не само што сум жив и здрав туку имаме и движење кое преку Националната мрежа поттикнуваме промена и на правниот статус, но со Парадата ние го менуваме и социјалниот статус на нашата заедница“,
вели Андоновски.