Во внатрешен документ во кој имале увид западните агенции уште се наведува дека сите останати најверојатно ќе треба да примаат дополнителна доза на секои две години
Најранливата популација на коронавирусот, како што се постарите лица, ќе треба да прими дополнителна доза вакцина секоја година за да добие заштита од сите соеви на вирусот, сметаат експертите во Светската здравствена организација.
Во внатрешен документ во кој имале увид западните агенции уште се наведува дека сите останати најверојатно ќе треба да примаат дополнителна доза на секои две години.
Таа проценка е вклучена во извештајот што треба да се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), што управува со програмата на СЗО, Ковакс.
Не е наведено кога е донесен тој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат и вакцините ќе треба редовно да се унапредуваат.