Утрово километарски колони на „Табановце“ регистрираа надзорните камери на Јавното претпријатие за државни патишта
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на ГП Табановце, каде што задржувањата се околу 40 минути, соопшти Автомото сојузот.
Утрово километарски колони на „Табановце“ регистрираа надзорните камери на Јавното претпријатие за државни патишта. Стотици возила чекаа за влез во соседна Србија, а најголем дел од нив се упатуваат кон вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Белград.
Српските здравствени власти најавија дека викендов се подготвени за вакцинација на илјадници странски државјани, најмногу од БиХ и Северна Македонија, кои кон крајот на март се вакцинираа на Саемот во Белград.