Министерот за здравство Венко Филипче објави дека овој месец ќе добиеме 70 000 дози „Астра Зенека“, од кои 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција
Вакцините што Грција ги најави за Северна Македонија утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, јави МИА од Атина.
Како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од Грција ќе стигнат 20 000 дози „Астра Зенека“.
На почетокот на месецов, Пелони на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20 000 дози вакцини за Северна Македонија и Албанија, откако претходно министерот за здравство Венко Филипче објави дека во земјава ќе пристигнат 70 000 дози вакцини, од кои 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција.
Од Атина денеска за Албанија беа испратени 20 000 вакцини „Астра Зенека“, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје.
