Доколку не успееме да дојдеме до договор за промена на моделот за локалните избори, дијалогот ќе продолжи и ќе пристапиме кон подготовка на нов изборен законик, каде што ќе се дискутираат и решаваат и политичките прашања, вели Маричиќ
Министерот за правда Бојан Марчиќ изјави денеска дека очекува најдоцна наредната недела да има финален текст на Изборниот законик, поврзан со имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, додека за можната промена на моделот за избор на градоначалници, но и на пратеници рече дека се уште има мала шанса, но дека нема големи очекувања.
Прашањата поврзани со функционирање на ДИК, финансирањето и медиумската покриеност на партиите, посочи Маричиќ, се решени и во голема мера се имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
„Во меѓувреме комуницираме со политичките партии околу евентуална измена на изборниот модел. Не сум сигурен дали ќе имаме време до наредната недела да постигнеме некаква согласност за промена на изборниот модел за локалните избори. Сè уште има мали шанси и ќе продолжи комуникацијата и во наредните неколку дена. Меѓутоа, не сакаме да одлагаме премногу, бидејќи веќе датумот за изборите се ближи“,
изјави Маричиќ.
Доколку, нагласи тој, не успееме да дојдеме до договор за промена на изборниот модел за локалните избори, дијалогот ќе продолжи и ќе пристапиме кон процес за подготовка на нов изборен законик, каде што, како што посочи, ќе се дискутираат и решаваат и политичките прашања за кои сега е тешко да се постигне согласност.
„Има уште мала шанса, но немам некои преголеми очекувања во делот на изборниот модел“,
изјави денеска Маричиќ.
