Попладнето Заев, како што е најавено, свечено ќе го отвори Културниот центар на Северна Македонија во Тирана
Премиерот Зоран Заев денеска ќе оствари еднодневна посета на Тирана, каде што ќе учествува на сами за Западен Балкан, а со албанскиот премиер Еди Рама ќе потпише договор за царинските контроли.
Како што соопштија од Владата, Заев ќе учествува на самит на земјите од Западен Балкан, со кој ќе претседава албанскиот премиер, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Заев и Рама на маргините на самитот ќе го потпишат и договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и Северна Македонија.
Попладнето Заев, како што е најавено, свечено ќе го отвори Културниот центар на Северна Македонија во Тирана.
