Кога станува збор за излекувани, во периодот од 31 мај до 6 јуни се регистрирани 465 лица што, пак, е намалување за дури 30,8 проценти во споредба со една недела претходно
Во текот на минатата недела (од 31 мај до 6 јуни) се регистрирани 155 нови случаи на ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Оваа бројка значи намалување од 29,5 отсто во однос на една недела претходно. Новите 155 случаи биле регистрирани во 21 град, а се дијагностицирани од 19 672 тестирања. Тоа значи дека во просек минатата недела позитивни биле 0,7 проценти од тестираните.
Најголем дел од новозаболените се над 60 години – 33,5 отсто (52 лица). Во возрасната група од 50-59 години позитивни биле 16,8 отсто (26 лица), а од 40-49 години биле 16,1 отсто од новозаразените (25 лица). Понатаму, на возраст од 30-39 години биле 12,9 проценти (20 лица), а од 20-29 години биле 11,6 од новозаразените (18 лица). Најмал број нови случаи минатата недела е регистриран кај децата и тинејџерите: од 10-19 години биле 6,5 отсто (10 лица) и од 0-9 години биле 2,6 отсто (4 деца).
Истиот период се регистрирани 13 починати лица што претставува намалување од 45,8 отсто во споредба со една недела претходно.
Во однос на возраста, 9 од починатите биле над 60 години, 3 на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.
Кога станува збор за излекувани, во периодот од 31 мај до 6 јуни се регистрирани 465 лица што, пак, е намалување за дури 30,8 проценти во споредба со една недела претходно.
Најмногу вакцинирани со „Синофарм“
Во извештајот на ИЈЗ се содржани и податоци за процесот на вакцинација кој започна на 17 февруари. Оттогаш, па заклучно со 6 јуни барем со една доза вакцинирани се вкупно 247 157 граѓани. Од нив, ревакцинирани се 143 117.
Според тоа која вакцина се користела, извештајот го покажува следното:
- 60 526 дози на „Фајзер“/„Бионтек“ (43 441 со прва доза и 17 085 со втора доза)
- 45 168 дози на „спутник В“ (22 875 со прва доза и 22 293 со втора доза)
- 32 875 дози на „Астра Зенека“ (32 843 со прва доза и 32 со втора доза)
- 251 705 дози „Синофарм“ (147 998 со прва доза и 103 707 со втора доза).
