Со барем една доза е вакцинирано 47 проценти од населението над 70 години и 41 процент од населението над 65 години
Досега 436 072 граѓани се пријавиле за вакцинирање против ковид-19 преку веб платформата vakcinacija.mk. На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 239 283 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1 995 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани, информираа од Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Со последните бројки, како што велат од МЗ, 47 проценти од населението над 70 години и 41 процент од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза
Вакцинацијата, велат од МЗ, се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата, а се вакцинираат и вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп…
