Британското здравствено регулаторно тело денеска ја одобри за употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата.
Пред неа одобрени се вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и на „Астра Зенека“.
Велика Британија ја намали побарувачката за „Џонсон и Џонсон“ поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта.
Оваа вакцина, за разлика од останатите, се употребува во една доза.
„Вакцината на ’Џонсон и Џонсон‘ ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината)“,
изјави британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.
Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините.
„Џонсон и Џонсон“ е одобрена и во САД и во ЕУ.