Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс
Од Министерството за внатрешни работи постапува во врска со синоќешната журка пред Музејот на Македонија, на која учествувале голем број присутни, кои не носеле ниту маски ниту пак била обезбедена дистанца. Се најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од ковид – 19, имајќи предвид дека според важечките мерки, забави со диџеј се уште се забранети.

Фотографии и видео објави порталот А1.он, а ги објавил првично диџејот кој имал настап.
Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс. Настанот е дел од Меѓународното биенале на мали уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата.
