„Да бидеме на јасно. Јас не стоев покрај него, туку тој покрај мене. Сепак јас имам две номинации оваа година“, се шегува во текстот над фотографиите со Бред Пит режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска.
Таа и тимот на „Медена земја“ присуствуваа на традиционалниот „Оскаровски ручек“ кој за сите номинирани го организира Американската филмска академија.
На фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи се забележува дека се во друштво на најпознатите ликови од светската филмска индустрија.
Многумина од нив јавно изразија воодушевување од „Медена земја“, и ја сметаат за фаворит за освојување „Оскар“.
ПОВРЗАНО: (ВИДЕО) Од Бекирлија до Холивуд – како се снимаше „Медена земја“