Опозициската партија критикува и за реизборот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за потпретседател на СДСМ и на вицепремиерот Љупчо Николовски за генерален секретар, но се осврнува и на изборот на Нина Фити за нова членка на Извршниот одбор…
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на денешниот конгрес на СДСМ, се јави со свој став во однос на новизбраните функционери на владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ посебно се осврна на изборот на министерот за здравство, Венко Филипче, за нов потпретседател на партијата и на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, за заменик-претседателка.
„Граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Со изборот на овие двајца, Заев ја дозакопува султан – партијата. Лукаревска донесе 60 000 невработени и затвори 6 200 фирми, а со Филипче има над 5200 мртви. Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии. Велеа ќе правеле метла, а завршија со буниште криминал денес. Најавуваат промена на менталната слика, а таа ментална слика е до Заев. Тој треба да се промени“,
се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија критикува и за реизборот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за потпретседател на СДСМ и на вицепремиерот Љупчо Николовски за генерален секретар, но се осврнува и на изборот на Нина Фити за нова членка на Извршниот одбор…
„И Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци, не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал. Љупчо Николовски, кој наместо криминал брка путер исреде пандемија отиде за Дубаи и го остави народот, не е иднината. Не се нови кадри ниту децата на транзициските моќници. Нина Фити, ќерка на Таки Фити, кој ја смисли приватизацијата и транзицијата. Лоши политики ќе продолжат и со Мила Царовска, која насила турка проект за дигитализација, и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник. СДСМ избра стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои ја испеаја својата песна и нема што ново да понудат“,
заклучува ВМРО-ДПМНЕ.
