ЕУ треба да испорача кон земјите како С Македонија и со тоа да се оневозможат нови засилувања на националистичките и на деструктивните политички чинители на Западен Балкан, заклучиле креаторите на Преспанскиот договор на денешната средба
Лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, на денешната средба во Атина со македонскиот премиер Зоран Заев ја потенцирал силната поддршка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство со Европската Унија. Ципрас, како што се наведува во владиното соопштение од средбата, порачал дека ќе ги вложи целиот сопствен капацитет и капацитетот на неговата партија да ја поддржи Северна Македонија во остварувањето на оваа стратегиска цел.
Заев и Ципрас изразиле задоволство што Договорот од Преспа, кој го постигнаа заедно, е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави. Како што било заклучено на средбата, денес придобивките од Договорот ги препознаваат и политичките чинители кои од различни причини пред три години имаа сомнежи и неверувања.
„ЕУ треба да испорача кон земјите како Северна Македонија, кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат, и со тоа да се оневозможат нови засилувања на националистичките и на деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа“,
заклучиле Заев и Ципрас.
