Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање регионални центри за ковид-19 вакцинација во Струмица, Прилеп и Велес. Министерството за здравство во соработка со тие општини е задолжено да го координираа спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација во овие градови.
Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.
