Масовна вакцинација засега се одвива во неколку града во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид
Владата донесе одлука за формирање регионални центри за ковид-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против ковид-19 во овие градови.
Со оваа одлука Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.
Масовна вакцинација засега се одвива во неколку града во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Според утринските податоци од Министерството за здравство, заклучно со вчера се вакцинирани 145 043 дози вакцини, а од нив 121 181 граѓани се вакцинирани со прва доза, додека ревакцинирани се 23 862 граѓани, 303 000 граѓани се пријавени за вакцинација на страницата vakcinacija.mk.
