Во изминатото деноноќие бројот на нови пациенти кои се примени во ковид-центрите во главниот град е мал и изнесува 9. Од друга страна, бројот на излекувани пациенти кои се пуштени дома е 34
Во ковид-центрите низ државата хоспитализирани се вкупно 760 пациенти, покажува пресекот за состојбите во болниците направен утрово. Од нив, 324 пациенти се лекуваат во центрите во Скопје, додека останатите 436 се во болниците во внатрешноста.
Бројот над слободни кревети се движи околу 915 од кои околу 350 се во Скопје.
Во Скопје хоспитализирани 9 пациенти, а 34 излекувани
Во изминатото деноноќие бројот на нови пациенти кои се примени во ковид-центрите во главниот град е мал и изнесува 9. Од друга страна, бројот на излекувани пациенти кои се пуштени дома е 34.
Од хоспитализираните 324, најголем дел се во Градската општа болница „8 Септември“ – 115 пациенти и на Инфективната клиника – 96.
Во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти. На Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ има 8, на Клиниката за детски болести има едно дете, а на Институтот за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 5 пациенти.
Кога станува збор за состојбата во болниците во внатрешноста, најмногу хоспитализирани има во Куманово – 53, Штип – 52, Битола – 51 и во Велес и Охрид по 50. Во струмичката болница се лекуваат 40 пациенти, во Прилеп 39, Кавадарци 25, Кочани 19, Струга 16, Гостивар 15, Тетово 11, Кичево 9 и Гевгелија 6.