Министерство за здравство соопшти дека 3 689 луѓе починале во последните 24 часа, додека вчера беа пријавени 400 000 новозаразени
Индија денеска го забележа највисокиот дневен биланс на жртви од коронавирус од почетокот на пандемијата – еден ден откако стана првата земја што регистрираше повеќе од 400 000 нови случаи на заразени во едно деноноќие.
Министерство за здравство соопшти дека 3 689 луѓе починале во последните 24 часа.

Премиерот Нарендра Моди денеска наутро се состана со министерот за здравство за да ја анализираат состојбата.
Болниците се соочуваат со хроничен недостиг на кревети и кислород.
Што е најново?
Индија досега регистрира повеќе од 19 милиони случаи на коронавирус – и е втора во светот по САД. Исто така, потврдени се повеќе од 215 000 смртни случаи, иако се смета дека вистинската бројка е далеку поголема.
Експертите ги наведоа ниските стапки на тестирање и бројот на луѓе што умираат дома, особено во руралните области, како фактори што придонесуваат за недоволно пријавените случаи.
Претходниот, најголем дневен биланс на жртви во земјата, исто така пријавен оваа недела, беше 3 645.
Спора вакцинација
Сите возрасни лица во Индија сега имаат право на вакцина против коронавирус. Но, планираниот почеток на националната вакцинација во саботата пропадна, бидејќи неколку држави соопштија дека немаат доволно дози за да започнат да ги вакцинираат лицата на возраст од 18 до 44 години.

И покрај тоа што е најголем светски производител на вакцини, земјата се соочува со недостаток и привремено го задржа целиот контингент на вакцини „Астра Зенека“ кој требаше да биде извезен за да се задоволи домашната побарувачка.
Министерството за здравство во неделата соопшти дека на 84 599 лица во критичната возрасна група им е дадена прва доза на вакцина.
Индија користи две вакцини – „АстраЗенека“ и уште една направена од индиската фирма „Барат/Биотек“ (Коваксин). Вакцината „спутник В“ од руско производство е исто така одобрена за употреба, а првите 150 000 дози пристигнаа во саботата.
Опаѓа поддршката за владата
Но и покрај ваквата исклучително течка здраствена состојба во која се наоѓа земјата, денеска започна пребројувањето на гласовите од изборите што се одржаа во четири држави: Асам, Западен Бенгал, Тамил Наду и Керала – и територијата на Пудочери.

Резултатите ја отсликуваат реакцијата на населението на работата на Владата на чело со премиерот Моди и неговата хиндунационалистичка партија, БJП. Тој беше остро критикуван затоа што дозволил предизборни собири за изборите што се одржаа во март и април.
Досега резултатите од Западен Бенгал, каде Моди се надеваше на победа, сугерираат дека партијата TMC на жестокиот критичар на Моди, ќе ја задржи власта.