Илјадници луѓе се забавуваа цела ноќ од петок до сабота во Ливерпул на првата британска легална „забава“ без маски и физичка дистанца од првиот караантин во пандемијата
По повеќе од една година љубителите на ноќниот живот во Ливерпул конечно уживаа. Три илјади луѓе синоќа се собраа на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3 000 ќе се забавуваат утре на истата локација.

Всушност станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР тест.
Тестот бил доволен за влез на забавата, не биле потребни ниту маски, ниту одржување дистанца. Луѓето се прегрнувале и танцувале едни до други, како во „добрите стари времиња“.

Шефот за јавно здравје на Ливерпул, Мет Ештон изјави дека оние кои се позитивни по настанот ќе мора да се изолираат.
Но, тој додаде дека не очекува некој да биде позитивен на тестот.
Претходно илјадници луѓе присуствуваа на концерт во Барелона, кој исто така беше тест дали може наскоро да се врати нормалниот начин на живот.
На тестирањето две недели потоа, само шест од присутните се позитивни, од кои најверојатно сите се заразиле на друго место.