Владата има рок од 30 дена да ја поништи одлуката, но поднесена е жалба за што судот ќе донесе одлука на 18 мај
Белгискиот суд пресуди дека мерките на владата за затворање кафулиња и ресторани поради коронавирусот биле незаконски. Судиите и дадоа рок од 30 дена на Владата да ја поништи одлуката.
Ограничувањата воведени од министерката за внатрешни работи Анализа Верлинден биле незаконски затоа што таа немала овластување да донесе такво решение, соопшти судот, пренесува телевизијата РТБФ.
Судот исто така го критикуваше фактот дека Државниот совет не бил вклучен во донесувањето на одлуката.
Тужбата е поднесена од педесетина ресторани и угостителски здруженија од Валонија.
На крајот на март, судот објави дека нема законска основа за ограничувања во врска со коронавирусот, бидејќи одлуките се донесени врз основа на министерски указ.
Владата поднесе жалба на новата одлука, а судот ќе донесе одлука за тоа на 18 мај.
Во исто време, владата работи на закон за кој во моментов се расправа во парламентот и може да послужи како правна основа за затворање кафулиња и ресторани.