Педесет и осумгодишниот С.Б. од Гостивар е приведен откако полицијата при претрес на неговото возило пронашла хероин.
Акцијата е спроведена од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
