Пронајдени и одземени се седум велосипеди во куќа во село Визбегово, информира Министерството за внатрешни работи.
Велосипедите се пронајдени при претрес во домот на Е.Х. (29) од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар.
Како што соопшти МВР, Е.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
