Посетители во скопската зоолошка градина во Скопје ја малтретирале лавицата Бела и притоа снимиле видео и го објавиле на социјалната мрежа „Тик ток“.
На видеото се гледа дека едно момче фрла со дрвени гранки кон лавицата доближувајќи се до нејзиното живеалиште.
Според ЗОО Скопје видеото е снимено во дел кој е забранет за посетители и додаваат дека се згрозени од изживувањето и малтретирањето на лавицата.
„Во Скопје ЗОО доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а зоолошката отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело!“,
велат од зоолошката градина во Скопје.
