Владата на вчерашната седница ги прифати измените на Законот за матична евиденција според кои ќе им овозможи на трансродовите лица да се запишат според меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права
Во декември лани државата му исплати 9 000 евра за претрпен стрес, а Управата за водење на матични книги му ја промени ознаката за род од женско во машко на лицето Икс, кое скоро една деценија безуспешно ја водеше битката за промена на полот во матичната евиденција пред домашниот правен систем
Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за правда го утврди предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.
Во декември лани државата му исплати 9 000 евра за претрпен стрес, а Управата за водење матични книги му ја промени ознаката за род од женско во машко, со што доби нов матичен број на машко, на лицето Икс, кое скоро една деценија безуспешно ја водеше битката за промена на полот во матичната евиденција пред домашниот правен систем.
Во тоа му помогна пресудата на Европскиот суд за човекови права, кој во јануари годинава одлучи во негова полза наведувајќи ги како аргументи бавната судска постапка и нејасната законска рамка за правно признавање на родот.
