Според одлуката на судот во Приштина, екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ во земјава не е дозволена бидејќи барањето за екстрадиција било одбиено со конечна судска одлука
Косово одби да го испорача Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“.
Како што јави Алсат, според одлуката на Основниот суд во Приштина, Специјалното одделение го одби барањето на Министерството за правда на С Македонија, врз основа на прелиминарната судска одлука со која беше одбиена екстрадиција.
„Барањето за екстрадиција се одбива од Специјалното обвинителство на Косово. Екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ од Косово во Северна Македонија не е дозволена бидејќи барањето за екстрадиција беше одбиено со конечна судска одлука“,
гласи одлуката на Основниот суд во Приштина:
Судот во Приштина се повикува на членот 50 од Поглавјето за основните права на Европската Унија, според кој „Никој не може да биде присилно осуден или повторно да биде осуден во кривична постапка за дело за кое тој или таа се веќе ослободени или осудени.“
Исмаиловиќ, македонски државјанин, кој е во бегство во Косово, беше упасен во почетокот на овој месец во Приштина, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа.
Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Алил Демири, на 23 февруари годинава во повтореното судење за петкатното убиство кај Смилкоско езеро беа осудени на доживотен затвор за теоризам. Двајца други обвинети за помагање, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор. Сами Љута, пак, доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негов прогон бидејќи немаше докази.
Покрај Африм Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, од каде косовските власти со години не ги екстрадираат.
