Големо мнозинство од симпатизерите на СДСМ (96,1%) имаат доверба во Владата, а речиси ист процент од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (96,6%) немаат доверба во неа
Податоците се добиени со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1 003 испитаници
Мнозинство од граѓаните (56,6%) немаат доверба во Владата, односно 38% целосно, а 18,6% донекаде немаат доверба. Извршната власт ја ужива довербата на 42% од граѓаните кои рекле дека целосно (11,1%) или до некаде (30,9%) имаат доверба во неа.
Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“ посветено на некои актуелни политички прашања, што го спровела агенцијата „М-проспект“.
Податоците се добиени со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1 003 испитаници.

Меѓу оние што немаат доверба, помногубројни се етничките Македонци, од кои речиси две третини (64,4%) рекле дека немаат доверба, за разлика од околу една третина (33,9%) кои имаат доверба во Владата.
Речиси обратна е ситуацијата кај етничките Албанци, од кои 61,8% рекле дека имаат доверба во Владата. Припадниците на другите заедници се речиси поделени во довербата односно недовербата, а за 3 процентни поени се помногубројни оние што имаа доверба во Владата (51,5%).
Најизразени се разликите кај симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Големо мнозинство од симпатизерите на СДСМ (96,1%) имаат доверба во Владата, а речиси ист процент од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (96,6%) немаат доверба во неа.
Разлики можат да се забележат и во однос на местото на живеење на испитаниците. Оние што живеат во град имаат помалку доверба (38,6%) за разлика од испитаниците што живеат во село (47,1%).
Во анализата на МЦМ се наведува дека оваа анкета покажува дека довербата е благо зголемена во однос на претходната анкета што ја направи МЦМС во март 2018 година, кога 38,3% од испитаниците рекле дека целосно или до некаде имаат доверба во Владата.
