Состојбата во болниците е стабилна и постепено се намалува бројот на прими на пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче по утринскиот редовен состанок со директорите на клиниките и ковид-центрите.
„Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат, со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“,
вели Филипче.
Здравствените власти денеска треба и официјално да соопштат дали ќе бараат Владата да ги продолжи постојните рестриктивни мерки кои истекуваат утре. Во јавноста веќе излегоа информации дека тие ќе бидат продолжени за уште една недела, но до овој момент сѐ уште нема официјална потврда од надлежните.