Белгија од денеска ја ограничува вакцинацијата со „Астра Зенека“ на лица под 55-годишна возраст откако Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нуспојава. Оваа вакцина ќе се користи за населението над 55 години.
Иако ЕМА не можеше да потврди дали некои групи на населението се позасегнати од други, ниту врз основа на возраста ниту врз основа на полот, бидејќи случаи на тромбоза се детектирани кај сите категории, белгиските здравствени власти одлучија дека е побезбедно да се ограничи вакцинацијата со „Астра Зенека“ и оваа вакцина да се користи за лицата над 55 години.
Портпаролот на кризниот штаб за ковид-19, Ив Ван Латем, рече дека 85 до 90 отсто од несаканите ефекти се детектирани кај лица под 55-годишна возраст.