Апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките и нагласува дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична
Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради пандемијата.
Сепак, предупреди дека здравствениот систем е под огромен притисок, каков што не бил никогаш во историјата.
„Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка“,
рече Филипче во Прилеп и апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, при што нагласи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.
Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.
„Видовме и многу потешка рестрикција едноставно не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка, како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект“,
изјави тој, одговарајќи на новинарско прашање.