Преку посебен портал им препродавале ИП-телевизиски канали на корисници
Двајца тетовци се приведени поради сомнение дека преку посебен портал им препродавале ИП-телевизиски канали на корисници.
При претрес на домот на еден од нив на ул.„Илинденска“ и помошните простории ул. „120“ во Тетово, пред четири дена, пронајдена и одземена е разновидна опрема која ја користел за реемитување телевизиски програми, односно ги продавал.
Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети се одземени и при претресот кај вториот осомничен, кој исто така користел ИП-телевизиски портали за реемитување домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти за што им наплаќал.
Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид-бокс и друга опрема.
Од СВР Тетово најавуваат соодветни поднесоци против нив по целосното расчистување и документирање на случајот.
Приведените се осомничени дека сториле кривично дело повреда на авторско право и сродни права, казниво по член 157 од Кривичниот законик.