СДСМ најавува пријави за лажниот допис што се споделува на социјалните мрежи за наводно изготвување на списоци за вакцинација
Владејачката партија СДСМ предупредува дека фотошопирана фотографија се споделува по социјалните мрежи со наводен допис дека се повикува членството да се вакцинира против ковид-19.
На фотографијата која делува како скриншот од електронска пошта пишува дека е известување за вакцинирање против САРС-ков-2 и наводно се повикува членството на СДСМ да се изготват списоци за приоритетно вакцинирање и дека тоа треба да остане тајно. На фотографијата стои потпис од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
❗Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа. Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции и да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните. pic.twitter.com/gLc0uVpNUC
— SDSM (СДСМ) (@SDSMakedonija) March 31, 2021
Од СДСМ реагираат и предупредуваат дека ова е лажна вест и целосна измислица. Тие најавуваат дека ќе поднесат и пријави.
„Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции и да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните“,
велат од СДСМ.