Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, од кои половината се на интерните клиники
Вкупната бројка на пациенти што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 577 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 74 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Со тоа вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 20 и 10 на Инфективната клиника, во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти, во Штип 67, на инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70, во Куманово 147 пациенти, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116, во Гостивар 41, а во Струга 18. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и сомнителни на коронавирусот.
