Советот за безбедност утре на седница ќе дискутира за актуелната состојба со ковид-19 во земјава. Како што информираат од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски, освен редовните членови на Советот, на седница ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.
„Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче. На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“,
информира прес-службата на претседателот Пендаровски.
Во последниот период бројот на нови случаи на ковид-19 се зголеми, но засега не се планираат нови порестриктивни мерки. Како што денеска рече министерот Филипче, сметаат дека мерките како ограничување на движењето, физичка дистанца ќе дадат резултат.