Кон крајот на октомври министерот за внатрешни работи беше хоспитализиран на Инфективната клиника, откако неколку дена претходно беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот, набрзо по ланскиот конгрес на СДСМ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека денеска дарувал крвна плазма за пациентите болни од вирусот ковид-19.
„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот“,
пишува Спасовски на Фејсбук.
Кон крајот на октомври тој беше хоспитализиран на Инфективната клиника, откако неколку дена претходно беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Претходно, и додека беше премиер во техничката влада, Спасовски неколкупати беше во изолација поради контакт со ковид-позитивни.