Од осум, досега тројца имаат првостепена пресуда од една година затвор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против уште едно лице од протестите за пресудите во „Монструм“. И тој како и претходните седум е осомничен за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Се работи за 19 – годишен жител на Стајковци, кој 26 февруари, за време на протестите, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, фрлале камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Како што соопшти МВР, притоа беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.
Сега осомничениот бил маскиран за да го скрие неговиот идентитет.
На барање на јавниот обвинител, на осомничениот му е одреден притвор од осум дена поради опасност од бегство и од повторување на делото.
Три лица, кои беа обвинети за истото дело веќе добија казни затвор од по една година.
За в петок е закажан нов протест за пресудите во „Монструм“.