Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци
Според информациите на здравствените власти, сите оние кои добиле термини за вакцинирање од соседството се вакцинираат со „Астра Зенека“
Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белграадскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението.

Но, она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.
Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Но, освен граѓани кои индивидувално преку електронска пријава на сајтот Е-управа во Србија си обезбедиле термин за вакцинација, викендов во Белград и Ниш се спроведува и организирана вакцинација на бизнисмените и вработените во компании од Северна Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.

Како што изјави претставникот на Стопнската комора на Србија за Н1, Марко Мандиќ, обезбедени се 10 000 вакцини за нините колеги од соседството, кои со автобуси веќе пристигнале во Белград и Ниш каде ќе се вакцинираат од 8 до 20 часот во Ниш) и од 8 до 16 часот во Белград.
Во меѓувреме, и Независната угостителска комора на својата фејсбук-страница објави дека во соработка со стопанската комора на Србија за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди бесплатна вакцинација во Ниш денеска и утре од 08:00 до 20:00 часот.

Во Србија вакцинацијата се спроведува со четири вакцини: „Фајзер“, „спутник В“, „Синофакрм“ и „Астра Зенека“. Според информациите на здравствените власти, сите оние кои добиле термини за вакцинирање од соседството се вакцинираат со „Астра Зенека“.