На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на „Астра Зенека“, а според кажувањата на вработените на Белградски саем, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „спутник В“ викендов не е можна за странци, туку само за српските државјани
Покани за вакцинација добиле само оние граѓани што изразиле интерес да се вакцинираат со која било вакцина, а вакцинацијата ќе се врши само со „Астра Зенека“
Како што пренесе СДК.мк, од Министерството за здравство не се информирани дека македонски граѓани викендов ќе одат на вакцинација во Србија, но велат дека нема пречка да го сторат тоа
Македонски бизнисмени викендов ќе може да се вакцинираат со „Астра Зенека“ во Србија и, како што информираше Стопанската комора од Србија, обезбедени се 10 илјади вакцини за бизнисмени од регионов и за нивни вработени.
На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се пријавиле и преку системот Е-управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Како што јави МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на голем број македонски државјани. Според информациите од многубројната македонска заедница во Србија и Белград, но и од српските граѓани што го „позајмиле“ својот број на мобилниот за пријава на нашите државјани за вакцинација преку државниот портал Е-управа, деновиве се пристигнати стотина СМС-пораки со закажани термини за в сабота и недела за вакцинација со „Астра Зенека“.
До дописникот на МИА и дописништвото на МРТ во Белград, деновиве постојано ѕвонат телефони на македонски државјани, оние што добиле покана за вакцинација и оние што сакаат допрва да се регистрираат, кои бараат информации за начинот на вакцинирањето во Србија и дали им е потребен ПЦР-тест за влез во Србија.
На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на „Астра Зенека“, а според кажувањата на вработените на Белградски саем, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „спутник В“ викендов не е можна за странци, туку само за српските државјани.
Граѓаните на Србија од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на „Астра Зенека“.
За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот Е-управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку електронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.
За МИА од српската влада одговорија дека на Саемот е отворено вакцинирањето со „Астра Зенека“ и дека владата нема организирано вакцинација на македонски државјани.
Се очекува во наредните денови, а веројатно веќе за време на викендот, голем број странски и македонски државјани, дури и организирано да тргнат за Србија за да се вакцинираат.
Претходно, и Независниот синдикат на македонската полиција најави дека договорил соработка со српските колеги за вакцинирање на наши полициски службеници. Од Македонскиот полициски синдикат (МПС), пак, се изјаснија дека се против припадниците на нашата полиција да се вакцинираат во Србија. Изминатава недела, пак, и стотина македонски новинари преку Македонската асоцијација на новинари (МАН) се вакцинираа со „Астра Зенека“ во Врање.
Од Министерството за здравство за СДК.мк рекоа дека нема никаква пречка македонските државјани да се вакцинираат во Србија или која било друга земја ако добијат уредна потврда. Покани за вакцинација добиле само оние граѓани што изразиле интерес да се вакцинираат со која било вакцина, а вакцинацијата ќе се врши само со „Астра Зенека“.
Како што пренесе СДК.мк, од Министерството за здравство не се информирани дека македонски граѓани викендов ќе одат на вакцинација во Србија, но велат дека нема пречка да го сторат тоа.
„Секој што може да обезбеди вакцина, може да се вакцинира каде било. Не можете никому такво нешто да му забраните, но постои услов да добијат уредна потврда за имунизација, со што тие граѓани во земјава ќе се водат како вакцинирани“,
велат од кабинетот на министерот Венко Филипче за СДК.мк.