Командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој престојува во посета на земјава прашан, дали постои начин НАТО да се приклучи во озбезбедувањето вакцини, воздржано одговори дека тоа е тема за која се дебатира во седиштето на Алијансата.
„Тоа е тема за која се размислува и разгледува во Брисел и на политичко и на воено ниво. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас“,
изјави американскиот адмирал Робер Бурк, прв човек на Командата на НАТО во Неапол.