Заменик-помошникот секретар за одбрана на САД во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека двете држави треба да најдат храброст да го продолжат дијалогот
Доста сериозни се информациите за заканите на Бугарија, со безбедносни служби да го решава проблемот за наводното кршење на правата на бугарски граѓани во Северна Македонија, вели заменик-помошникот секретар за одбрана на САД Лора Купер, во интервју за Гласот на Америка, по повод една година од членството на државата во НАТО Алијансата.
„Не сум запознаена со овие коментари но, тие звучат доста сериозно“,
вели Купер во врска со изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, додавајќи дека од позиција на одбранбена соработка, таа во регионот гледа доста стабилен прогрес во одбранбената соработка меѓу НАТО – членките.
Нејзината порака е двете држави е да го продолжат дијалогот, и да ја усовршат политичката храброст за да можат да изградат конструктивен пат напред.
Во врска со проблемите со испораката на ветените вакцини од Европа за Западен Балкан, поради што овие земји се свртеа кон набавка на вакцини од Кина и Русија, Купер вели дека се работа за опортунистичкo однесување на Русија, која се обидува да ги искористи кризите, за каква и криза да се работи, да направи поделба, и да фрли спомнеж врз западните институции во регионот.
„Коронакризата не е ништо поразлична од она што го видовме во минатото, кога Русија се обидуваше да се меша и да го спречи пристапувањето во НАТО на Северна Македонија, Црна Гора и други. Со овие напори се обидуваат да направат различни нешта, да се фрли сомнеж врз потеклото на вирусот, и пред се` да се обидат да ја потценат довербата на јавноста во напорите на Владата да одговори на кризата. Овој тренд продолжува, и пристапот на НАТО, како и на САД, е фокус кон наука, постоечките институции и партнерства“,
вели Купер одговарајќи на прашањето дали ова ќе има последици за европската перспектива на регионот.
Во интервјуто за „Гласот на Америка“, високата претставничка на Пентагон говори за односите САД- Северна Македонија, пред една година, сега и за очекувањата следната година, за значењето на донациите од САД за армијата и за тоа како што е различно во нашата земја сега од пред членството во НАТО.
Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.
