Добро е што го прифатија нашиот предлог, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако Собранието успеа да го усвои дневниот ред на 36. седница само со четири од вкупно 29 точки
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го поздрави договорот што денеска го постигнаа мнозинството и опозицијата во парламентот за донесување на законите од петтиот сет антиковид мерки.
„Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот кој го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и на граѓаните, иако таа поддршка е мала и досега недоволна. Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат,
напиша Мицкоски на Фејсбук.
но не и да носи закони за граѓаните. Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш“,
Исто како и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Мицкоски вчера предложи Џафери да свика нова седница во чиј дневен ред ќе се стават само четири од вкупно 29 точки што беа во предлог-дневниот ред на 36. седница. Сепак, денеска беше постигнато компромисно решение, така што спикерот Тлат Џафери не закажа нова седница, туку од дневниот ред на 36. седница беа повлечени сите други точки освен четирите за кои опозицијата нудеше кворум.
Инаку, Мицкоски, придружуван од меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имаше средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласил дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата и преземање мерки против здравствените и економските последици.
Мицкоски истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ е стратегиски приоритет полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи што примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.
„Мицкоски додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледан единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство. И во таа смисла, тој очекува што поскоро отворање на пристапните преговори“,
се наведува во партиското соопштение од средбата.