Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека откако во светот започна вакцинацијата против ковид-19, во земјава веќе четврти месец вакцини нема.
„Додека сите земји вакцинираат против корона уште од декември минатата година или почетокот на оваа година во јануари, во Македонија има незначителни дози на вакцини. И сега иако се најавени дека две пратки, од ковакс, една дека ќе стигне на 31 март и друга на 15 април, Филипче вели да оставиме простор, да го кажеме ова со резерва, може да има доцнење на овие пратки?! И кинеските наводно ќе стигнеле до 31 март, ама и тоа било со резерва?! Со каква леснотија Филипче кажува дека ништо не знае, или пак би можело да се каже и дека пак лаже“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Додаваат дека Владата не успеала да постигне ниту еден директен договор за набавка на вакцини.
„Венко Филипче шетајќи од телевизија на телевизија зборува за подготвеност на системот, за каква само тој знае, бидејќи никој друг не гледа дека е подготвен здравствениот систем. Ама Филипче не знае прецизен датум кога ќе стигнат вакцини. Вистина е дека Македонија котира високо на светската листа по починати од корона, а е на дно листата по вакцинирани“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.