Асани ќе биде разрешен од функцијата поради случајот со родилката на која ѝ беа извадени органи, а Филипче најави дека во текот на денот ќе биде именуван нов директор
Директорот на болницата во Струга, гинекологот Мухамед Асани, ќе биде разрешена денеска поради случајот со родилката на која ѝ беа извадени органи, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека во текот на денешниот ден или утре ќе биде назначен нов директор на болницата, чие работење е ставено под стручен надзор на лекарска комисија што вчера ја формираше Министерството за здравство.
„Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се сите други постапки во однос на активностите и на другите институции кои беа вклучени во овој случај“,
истакна Филипче на денешната прес-конференција, информирајќи за случајот во струшката болница со родилката од Дебар.