Опозициската партија на прес-конференција објави документ, според кој на фирма од Хонг Конг и се префрлени 12,5 милиони долари за 200 000 вакцини од „Синофарм“ со што цената на една вакцина би била 62,5 долари, наместо 32 долари колку што ВМРО -ДПМНЕ вели дека чини
МЗ тврди дека ова е се работи за лажни документи и сума, и дека ова е обид на опозицијата политички да профитира и да ја спречи набавката со компромитирање на тајноста на постапката
И денеска продолжија обвинувањата од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за власта за набавката на кинеските вакцини. Денеска опозицијата објви документ според кој нашата држава според уплатениот аванс (кој беше вратен) ќе ги платела вакцините на „Синофарм“ за 62,5 долари по вакцина, иако според ВМРО-ДПМНЕ, која се повикува на бројки објавени во медиумите, таа чинела 32 долари.

Пратеникот Миле Лефков на прес – конференција рече дека Министерството за здравство на сметка на „Стабри Интернешенал“, фирмара од Хонг Хонг, која опозицијата ја нарекува „фантом“ уплатило 12.5 милиони евра за 200 000 вакцини.
„Тоа го потврдува документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, кој требала да послужи за склучување на договор со ‘Синофарм’ за купување на 200000 вакцини за потребите на Македонија. Од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?! Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари. Дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави. Зошто Заев и Филипче сакале да платат дупла цена од најскапата?!“,
праша Лефов.
Од опозицијата сметаат дека ова е профитерство на сметка на здравјето на граѓаните и прашуваат дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската „Стабри Интернешенал“, за потоа преку оф шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта.
Тие бараат ЈО да го испита случајот, во меѓувреме побараа оставка од Филипче.
Во меѓувреме, од Министерството за здравство ги демантираа како што ги нарекоа „лажните документи“ кои содржат лжна сума и ко не е поврзан со набавката на вакцини.
Возвратија со обвинување дека ВМРО – ДПМНЕ сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните, но ги обвинија и медиумите кои го објавија овој документ,.
„Во тој нивни ‘доказ’ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО – ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против ковид – 19“,
велат во реакцијата од МЗ.
Оттаму истакнуваат дека глобална политика на сите производители е процесите за набавка на вакцини да се доверливи, со ова опозицијата сака со, како што велат, лажни информации да покажат дека од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност.