Официјалната интернет-страница на Владата утрото работеше со потешкотии, а во одредени делови од денот и воопшто не беше во функција. Од Службата за односи со јавност на Владата не знаат дали станува збор за некаков хакерски напад, но случајот го пријавиле до Министерството за внатрешни работи.
„Утрово имаше краток прекин на функционирањето на веб-страницата на Владата. Случајот беше веднаш пријавен во Министерството за внатрешни работи, од каде што очекуваме да извршат истрага и да излезат со информации дали се работи за напад и каков напад, кој го направил и со која цел“,
велат од прес-службата на Владата.
Веб-страницата на Владата во моментов е целосно во функција и е достапна за посети и пребарувања.