Бројката на активни случаи стигна до 9 186, од кои 4 309 се во Скопје. Следни градови според активни случаи се Прилеп (719) и Кавадарци (549), а само во четири општини бројките се едноцифрени
Уште девет смртни случаи од ковид-19 се пријавени во последното деноноќие во земјава, со што досегашниот биланс, од почетокот на епидемијата стигна до 3 185 починати.
Четири од смртните случаи се во Скопје и станува збор за пациенти на возраст од 73, 74, 75 и 81 година. По еден смртен случај има во Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови, како што соопштија од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3 701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 375,
Прилеп – 44,
Кавадарци – 35,
Гевгелија – 29,
Битола – 25,
Гостивар – 23,
Тетово – 22,
Куманово – 20,
Охрид – 16,
Штип – 15,
Крива Паланка – 14,
Неготино – 13,
Велес – 11,
Струмица, Струга и Кочани – по 10,
Богданци – 9,
Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5
Валандово – 3,
Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2,
Кратово и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 540 725 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица, од почетокот на епидемијата, изнесува 106 832, додека бројката на оздравени пациенти е 94 461.
Во последното деноноќие се регистрирани 186 оздравени пациенти или речиси четирипати помалку од бројката на новозаразени.
Бројката на активни случаи стигна до 9 186, од кои 4 309 се во Скопје. Следни градови според бројот на активни случаи се Прилеп (719) и Кавадарци (549). Само во четири помали општини се едноцифрени бројките на активни слуачи и денеска нема нови позитивни на коронавирус: Македонски Брод – 5 Македонска Каменица – 2, Пехчево – 4 и Дојран, каде што има само еден позитивен на ковид-19. ,