Најголем процент од новозаразените ја имаат британската мутација, но нема разлика во состојбата со оние кои се заразиле со орвичната верзија на коронавирусот
Анализата на примероците покажа дека 70 проценти од новоозаразените пациенти се со британската мутанција. Викендов ќе се анализира ситуацијата, особено во Охрид, Кавадарци и Прилеп и врз основа на тоа ќе се види дали ќе се преземат нови рестриктивни мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче. .
„Има благо зголемување на бројот на заразени, со зголемен фактор на преносливост, но не знаеме дали е оваа тренд или мини бран што се случува овие денови“,
изјави попладнево тој.
Во однос на состојбата на хоспитализираните, Филипче рече дека одамна не може да се зборува за кластери, бидејќи заразените или не знаат или не сакаат да ги кажат контактите, но истакнува дека нема разлика во состојбата на оние кои се заразиле во вирусот и оние кои се заразени со мутацијата.