Поради новите мутации на коронавирусот, некои европски земји воведоа контроли на границите. Дел од јавноста смета дека станува збор за кршење на Шенгенскиот договор и ограничување на слободата на движење, а Европската комисија сѐ досега не коментираше и само потсетуваше дека земјите членки се договориле како да спречат понатамошно ширење на вирусот
Европската комисија предупреди шест членки да укинат некои од своите актуелни ограничувања и други мерки против коронавирусот бидејќи со нив го попречуваат слободното движење на луѓето и стоките повеќе отколку што е потребно.
Европската комисија испратила писмо до шест земји членки – Белгија, Данска, Финска, Шведска, Германија и Унгарија, со кое ги повикува да овозможат слободно движење на граѓаните на Европската Унија на нивната територија.
„Веруваме дека целта кон која Германија оправдано тежнееше – заштитата на јавното здравје за време на пандемијата, може да се постигне со помалку ограничувачки мерки“,
напиша Европската комисија во писмото испратено до германскиот амбасадор во Брисел, Мајкл Клаус и амбасадорите на другите пет земји.
Во писмото, мерките на овие земји се нарекуваат „непропорционални и неоправдани“.
Владите на Белгија, Германија, Унгарија, Шведска, Данска и Финска имаат рок од десет дена да ѝ одговорат на Комисијата. Според законот на Европската унија, доколку земјите членки не ги преземат потребните чекори, Комисијата може да преземе правни мерки против нив.
Во писмото до амбасадорот Клаус, Комисијата го отвора и прашањето за граничната контрола што Германија ја има со Чешка и Словачка, бидејќи двете земји од германските власти се оцени како „подрачја што загрижуваат“.
Поради новите мутации на коронавирусот, некои европски земји воведоа контроли на границите. Дел од јавноста смета дека станува збор за кршење на Шенгенскиот договор и ограничување на слободата на движење, а Европската комисија се до сега не коментираше и само потсетуваше дека земјите членки се договориле како да спречат понатамошно ширење на вирусот.